Samsung SM-T700 用户手册

下载
页码 193
Персонализирање
50
Преместување ставки
На екранот со апликации, допрете   → Измени. Допрете и задржете ставка и одвлечете ја на 
нова локација.
За преместување на ставката во друг панел, влечете ја кон страната на екранот.
За да преместите една ставка во нов панел, одвлечете ја во 
Направи страница што се 
појавува во горниот дел на екранот.
Можете да преместувате папки само во панелот на папката.
Создавање папки
На екранот со апликации, допрете   → Направи папка.
Внесете име на папка.
Допрете  , изберете ја апликацијата што ќе ја преместите во папката, и потоа допрете 
СОЧУВАЈ.
Новата папка ќе се додаде во панелот на папката на екранот со апликации.
Управување со папки
За да преименувате папка, изберете една папка и допрете го постоечкото име на папката. 
Внесете ново име за папката и допрете Гот.
За да ја измените бојата на папката, изберете една папка, допрете  , и потоа изберете боја.
За да преместите повеќе апликации во папка, допрете   → Измени, држете допрено една 
апликација и потоа одвлечете ја во папката.
За да преместите една апликација од папка, допрете   → Измени, изберете папка, држете 
ја допрено апликацијата и потоа одвлечете ја во панел на апликација. Ако ја преместите 
апликацијата од папката во панелот на папката, се креира нова папка.