Samsung SM-T700 用户手册

下载
页码 193
Персонализирање
53
Скенер за прсти
За подобро пепознавање на отпечатоци
Кога ги скенирате Вашите отпечатоци на уредот, треба да знаете дека следните услови може 
да влијаат врз изведбата на одликата:
• 
Копчето Дома содржи сензор за препознавање отпечатоци. Осигурете се дека копчето 
Дома не е изгребано од метални предмети, како метални пари, клучеви и ѓердани.
• 
Заштитникот на екран доставен со уредот може да предизвика неправилно 
функционирање на сензорот за отпечатоци. Отстранете го заштитникот на екран за да ја 
подобрите чувствителноста за отпечатоци.
• 
Осигурете се дека областа за препознавање отпечатоци и Вашите прсти е чиста и сува.
• 
Уредот може да не препознава отпечатоци на кои има бразди или лузни.
• 
Уредот може да не ги препознае отпечатоците од многу мали или тенки прсти.
• 
За да ја подобрите изведбата на препознавање, регистрирајте ги отпечатоците од раката 
што ја користите најмногу за да изведувате задачи на уредот.
• 
Не влечете го Вашиот прст пребрзо или преспоро. Влечете го прстот со умерена брзина 
за да му овозможите на уредот да го препознае.
• 
Во суви средини, во уредот може да се појави статички електрицитет. Избегнувајте да ја 
користите оваа одлика во суви средини или пред да ја користите одликата испразнете го 
статичкиот електрицитет со допирање метален предмет.