Samsung SM-T700 用户手册

下载
页码 193
Персонализирање
56
Приватен режим
Во врска со приватен режим
Користете ја оваа одлика за да спречите други да користат или да пристапуваат во 
специфични содржини, како слики и документи, складирани во уредот. Можете да зачувате 
содржина во специфична локација и да го деактивирате приватниот режим за да скриете 
ставки безбедно.
Сокривање содржина
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → УРЕД → Приватен режим, и потоа 
допрете го копчето Приватен режим за да ја активирате. Алтернативно, отворете го 
панелот за брзо нагодување и допрете Приватен режим за да го активирате.
Кога го активирате приватниот режим првпат, поставете код за отклучување и резервен 
PIN.
Внесете ја шифрата за отклучување на приватен режим.
Кога се активира овој режим,   се појавува во горниот дел на екранот.
За да изберете ставка што сакате да ја скриете, држете допрена една ставка во списокот, 
штиклирајте ставки што сакате да ги изберете и потоа допрете   → Премести во 
Приватно
.
Ставките што ќе се префрлат во приватен режим, се појавуваат со   на нив.
Кога сте ги избрале ставките што сакате да ги скриете, отворете го екранот со апликации, 
допрете Нагодувања → УРЕД → Приватен режим, и потоа допрете го копчето 
Приватен режим за да го деактивирате. Алтернативно, отворете го панелот за брзо 
нагодување и допрете Приватен режим за да го деактивирате.
Избраните ставки ќе исчезнат од екранот.
Осигурете се дека сите фајлови се зачувани или префрлени исправно пред да го 
деактивирате приватниот режим.