LG V490 User Guide

Page of 614
33
Совети за екранот на допир
Еве неколку совети за тоа како да управувате со вашиот таблет.
ЗАБЕЛЕШКА: 
•  За да изберете елемент, допрете во средината на иконата.
•  Не притиснувајте премногу силно; екранот на допир е доволно 
чувствителен да регистрира и лесно, но сепак одмерено допирање.
•  Користете го врвот од прстот за да ја допрете саканата опција. Внимавајте 
да не ги допрете другите копчиња.
Потчукнете или допрете
Со потчукнување/допир со еден прст бирате предмети, линкови, кратенки и 
букви на тастатурата на екранот.
Допрете и задржете
Допрете и држете предмет на екранот така што ќе го допрете и нема да го 
кревате прстот се додека не се случи акција. На пример, за отворање на 
достапните опции за контакт, допрете и задржете на контактот во листата на 
контакти додека не се отвори контекст-менито.
Влечи
Допрете и држете предмет за момент и потоа, без да го дигнете прстот, 
движете го прстот на екранот додека не дојдете до целната позиција. Можете 
да повлекувате елементи на почетниот екран за да ги преместите.
Вашиот почетен екран