LG V490 User Guide

Page of 614
35
Quick Keys се достапни на дното на Почетниот екран и овозможуваат лесен 
пристап до функциите кои најмногу ги употребувате со еден допир. 
Статусната Лента – Покажува информација за состојбата 
на вашиот уред, вклушително времето, јачината на 
Wi-Fi сигналот, состојбата на батеријата, и иконите за 
известување.
Копче за назад – Ве враќа на претходниот екран. Исто 
така, ги затвора скокачките елементи, како што се менијата, 
дијалог прозорчињата и тастатурата на екранот. Допрете и 
држете го за да пристапите на Dual window.
Копче за Неод. апл. – Притиснете за да се прикажат 
скоро употребените апликации. Исто така можете да го 
допрете и држите за да се прикажат опциите од Менито во 
апликациите.
Икони на апликациите – Допрете икона (апликација, 
widget, папка, итн.) за да се отвори и да ја користите.
Брзи копчиња – Овозможува лесен пристап до функциите 
кои ги употребувате најчесто со еден допир.
Копче Почетна Страница – Ве враќа на Почетниот екран 
(или ве враќа на вашата стандардна сцена со Почетен екран 
од било која од продолжените сцени на Почетниот екран). 
Притиснете и држете го за да пристапите до Google Now.
Копче Двоен прозор – Допрете за да се префрлите 
на режимот со две прозорчиња. Тоа ви овозможува да 
управувате со две апликации истовремено со поделба на 
екранот на два дела.