LG V490 User Guide

Page of 614
36
Прилагодување на почетниот екран
Можете да го прилагодите вашиот почетен екран со додавање на апликации, 
превземени содржини, widget-и или заднини. За повеќе погодности при 
користењето на вашиот таблет, додадете ги вашите омилени апликации и 
widget-и на почетниот екран.
За додавање на елементи на вашиот почетен екран:
Допрете и задржете на празниот дел на почетниот екран.
Допрете го јазичето Апликации или Виџети.
Повлечете го саканиот елементот до саканата локација и подигнете го 
прстот.
За да отстраните елемент од почетниот екран:
Допрете и задржете на иконата која сакате да ја отстраните, повлечете ја кон 
 и подигнете го прстот.
СОВЕТ! За да додадете икона на апликација на почетниот екран од екранот 
на Апликации, допрете и задржете на апликацијата која сакате да ја 
додадете и повлечете ја до саканата локација.
СОВЕТ! Можете да додадете повеќе икони на апликации во еден фолдер. 
Пуштете една икона на апликација врз друга на почетниот екран и ќе се 
креира фолдер.
Отворање, прекинување и запирање на апликации
Допрете 
 за да се прикажат неодамна користените апликации. Повеќе 
апликации може да работат во исто време и да се префрлате меѓу неколкуте 
отворени апликации. Исто така, можете рачно да го прекинете работењето на 
апликациите.