LG V490 User Guide

Page of 614
59
Bluetooth конекцијата ќе биде вклучена автоматски.
QPair карактеристики
Известување за повик – му испраќа известување на таблетот кога телефонот 
прима повик. Известувањето го прикажува бројот на повикувачот и ви 
овозможува да одговорите или да го одбиете повикот. Исто така, можете да 
ги промените поставките за повици, како што се тон на ѕвонење, јачина на 
тон за ѕвонење, тон за ѕвонење со вибрации, или пак да испратите порака за 
одбивање кога ќе добиете повик.
ЗАБЕЛЕШКА: Можете да примите повик само ако е поддржан од Bluetooth 
технологија. Јавувањето од таблет уредот со користење на функцијата QPair 
не е возможно.
Известување за порака – му испраќа известување на таблетот кога 
телефонот ќе прими порака. Исто така, можете да ги промените поставките 
за пораки, како што се известувања за пораки, преглед на пораки, звук на 
известувања и вибрации за известувањата.
SNS известување – Се прикажува известување од социјалната мрежа на 
статусната лента на вашиот таблет кога пристигнува на вашиот телефон.
ЗАБЕЛЕШКА: За да ја активирате оваа опција, уклучете ја опцијата QPair 
social network notifications на вашиот телефон (Поставки > Пристапност 
QPair social network notifications). Оваа опција ви овозможува да бидете 
во тек со известувањата од социјалните мрежи на вашиот таблет.