LG V490 User Guide

Page of 614
60
QuickMemo+ Пренос – Ги зачувува вашите тековни QuickMemo+ во 
Галеријата на таблетот, а потоа ја синхронизира оваа Галерија со Галеријата на 
вашиот телефон. 
Интернет преку телефон – Автоматски го поврзува вашиот таблет на 
Интернет преку вашиот мобилен телефон (како Wi-Fi hotspot). Користењето 
на оваа функција може да предизвика трошоци. За да зачувате користење 
на податоци на телефонот, телефонот автоматски се поврзува со било кој 
доверлив Wi-Fi hotspot во рамките на опсегот.
Поврзување со PC со помош на USB кабел
Можете да го поврзете таблетот со вашиот PC за да го наполните, да 
префрлате содржини на персоналниот компјутер од таблетот и обратно.
Пренос на музика, фотографии и видео записи со помош на 
режимот на Медиумски уред (MTP)
Поврзете го вашиот таблет на компјутер користејќи USB кабел.
Ако немате инсталирано драјвер за LG Android платформата на вашиот PC, 
ќе треба рачно да ги промените поставките. За да ги промените поставките, 
повлечете ја статусната лента надолу и допрете го моменталниот режим на 
USB поврзување > Медиумски уред (MTP).
Ќе можете да ја прегледате содржината на медиумскиот уред на вашиот PC 
и да ги префрлите фајловите.
ЗАБЕЛЕШКА: Доколку сакате да ги промените поставките за PC 
поврзувањето, повлечете ја статусната лента надолу и изберете ја опцијата 
за режим на USB поврзување. Ова поставување е прикажано на статусната 
лента само кога ќе приклучите USB кабел на вашиот таблет уред.