LG V490 User Guide

Page of 614
64
За да додадете контакт во вашите омилени
Од почетниот екран допрете Контакти 
 за да ги отворите вашите 
контакти.
Допрете на контакт за да ги прегледате деталите за него.
Допрете ја ѕвездичката 
 која е десно од името на контактот. Ѕвездата 
ќе добие златна боја и контактот ќе биде додаден во вашите омилени 
контакти.
За да отстраните контакт од вашата листа на омилени
Од почетниот екран допрете Контакти 
 за да ги отворите вашите 
контакти.
Допрете ја картичката Омилено за да ги погледнете омилените контакти.
Допрете на контакт за да ги прегледате деталите за него.
Допрете ја златната ѕвезда десно од името на контактот. Ѕвездата ќе добие 
сива боја и контактот се отстранува од вашите омилени контакти.
Креирање на група
Од почетниот екран допрете Контакти 
 за да ги отворите вашите 
контакти.
Допрете на јазичето Групи, а потоа допрете 
.
Внесете име за новата група.
•  Притиснете Додади членови за да додадете контакти во вашата нова група.
•  Притиснете на полето СМЕТКА за да го/ги промените профилот/профилите 
во кој/кои сакате да ја зачувате новата група.
Допрете Зачувај да ја зачувате групата.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако избришете група, контактите доделени на таа група нема 
да бидат избришани. Тие ќе останат во вашиот именик.