LG V490 User Guide

Page of 614
66
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ограничувањето од 160 знаци може да се разликува 
од земја до земја, во зависност од начинот на кодирање на текстуалната 
порака и од јазикот кој се користи за пораката.  
Ако на текстуалната порака додадете слика, видео или аудио фајл, таа 
автоматски ќе се претвори во мултимедијална порака, за што ќе ви се 
пресмета соодветен трошок според вашата тарифа.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога добивате текстуална порака во тек на повик, ќе 
слушнете звучно известување.
Користење на смешковци
Внесете живост во пораките со помош на смешковци.
Кога пишувате нова порака, допрете 
 и изберете категорија во алатникот 
што се наоѓа во долниот дел на тастатурата. Исто така, можете да ја допрете 
иконата Мени 
 > Вметни смешко.
Менување на поставките за пораки
Поставките за пораки на вашиот таблет се однапред дефинирани за 
непосредно испраќање на пораките. Поставките можете да ги менувате 
според вашите желби.
•  Од почетниот екран, допрете Пораки 
 > иконата Мени 
 > Поставки.