LG D295 User Manual

Page of 500
23
4  
Порамнете го капачето на батеријата над лежиштето за батеријата (1), а потоа 
притиснете го надолу додека не легне на своето место (2).
ЗАБЕЛЕШКА: Влучи/Исклучи е достапно кога капакот на батеријата е наместен на 
телефонот.
Полнење на телефонот
Наполнете ја батеријата при користењето на телефонот за првпат. Употребете го полначот 
за да ја наполните батеријата. Исто така, може да користите и компјутер за полнење на 
уредот, поврзувајќи ги двата уреди со помош на USB кабел.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Употребувајте само полначи, батерии и кабли кои се одобрени од LG. Користењето на 
неодобрени полначи или кабли може да предизвика бавно полнење на батеријата или 
појавување на известување за бавно полнење. Освен тоа, неодобрените полначи или 
кабли може да предизвикаат експлозија на батеријата или оштетување на уредот, што не е 
опфатено со гаранцијата.
Приклучокот за полначот се наоѓа на долната страна од телефонот. Вметнете го полначот и 
потоа поврзете го на електричен штекер.