LG D295 User Manual

Page of 500
24
Запознавање со вашиот телефон
ЗАБЕЛЕШКА:
За да се продолжи работниот век на батеријата, потребно е таа да се наполни целосно 
пред првата употреба.
Немојте да го отворате задното капаче додека телефонот се полни.
Користење на мемориската картичка
Вашиот телефон поддржува користење на microSD™ или microSDHC™ мемориски картички 
со капацитет до 32 GB. Овие мемориски картички се специјално дизајнирани за мобилни 
телефони и други ултра-мали уреди, и се идеални за складирање на медиски фајлови како 
музика, програми, видео записи и фотографии кои може да се користат на телефонот.
За да вметнете мемориска картичка: 
Вметнете ја мемориската картичка во отворот. Внимавајте златната површина за контакт да 
биде завртена надолу.
За безбедно отстранување на мемориската картичка: 
Допрете 
 > картичката Апликации > Поставки > картичката Општо > Меморија > 
Оневозможи SD картичка.