LG H955 Owner's Manual

Page of 594
5
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
Иако постојат разлики помеѓу нивото на SAR кај различни
модели на LG телефони, сите тие се дизајнирани да ги задоволат
релевантните мерки за изложување на радиобранови.
Границата на SAR препорачана од Маѓународната комисија за
заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP) е 2W kg во просек на
10 грама ткиво.
Највисоката вредност на SAR за овој модел на телефон тестиран
при поставување на уво изнесува 0,471 W/kg (10 g) а при
поставеност на тело изнесува 0,418 W/Kg (10 g).
Овој уред ги задоволува напатствијата за RF изложеност при
користење во нормална позиција наспроти увото или при
поставување најмалку на 1,5 cm оддалеченост од телото. При
користење на футрола, прицврстувач за ремен или држач за
носење на телото, тие не треба да содржат метал и треба да
бидат поставени најмалку на 1,5 cm оддалеченост од телото. За
пренесување на податочни фајлови или пораки, на овој уред
потребно му е квалитетно поврзување со мрежата. Во некои
случаи, пренесувањето на податочни фајлови или пораки може
да биде одложено додека не се воспостави такво поврзување.
Придржувајте се до горните инструкции во однос на растојанието
сè додека преносот не биде завршен.
Чување и одржување на производот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете единствено батерии, полначи и дополнителна опрема кои се
одобрени за употреба со овој конкретен модел на телефон. Користењето на
кои било други видови може да поништи секаква потврда или гаранција која
важи за телефонот, а исто така може да биде и опасно.