LG H955 Owner's Manual

Page of 594
6
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
Флексибилноста на овој производ е ограничена да издржи обично
и нормално користење. Овој телефон може да се превитка за
180 степени на ограничен временски период, но не треба да се
превиткува навнатре. Оштетувањето предизвикано од погрешно
користење, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на намерно
превиткување или континуирана примена на сила врз производот,
може да доведе до трајно оштетување на екранот и/или на други
делови и функции на телефонот.
Не расклопувајте го овој уред. Однесете го на квалификуван
сервисер доколку е потребна негова поправка.
Поправките извршени под гаранција, по проценка на LG, може
да вклучат делови или електронски плочи за замена кои ќе бидат
нови или репарирани, доколку тие имаат еднаква функционалност
со оние делови кои се заменуваат.
Уредот држете го подалеку од електрични уреди како на пр.
телевизори, радиоприемници и компјутери.
Уредот држете го подалеку од извори на топлина како што се
радијаторите и шпоретите.
Не дозволувајте да ви падне телефонот.
Немојте да го изложувате уредот на механички вибрации или
потреси.
Исклучете го телефонот на места каде тоа се бара со специјални
прописи. На пример, немојте да го користите телефонот во
болници каде уредот може да влијае на медицинската опрема.
Немојте да ракувате со телефонот со влажни раце додека се врши
дополнување. Може да дојде до електричен удар и сериозно
оштетување на вашиот телефон.
Немојте да го полните телефонот близу до запаливи материјали
бидејќи тој може да стане жежок и да предизвика опасност од