LG H955 Owner's Manual

Page of 594
75
Услужни програми
Часовник
Апликацијата Часовник ви овозможува пристап до функциите Аларми,
Тајмер, Светски часовник и Стоперка. Пристапете до овие функции со
допирање на картичките во горниот дел од екранот или повлечете
хоризонтално по екранот.
Допрете   >   > картичката Апликации (доколку е потребно) >  .
Аларми
Картичката Аларми ви овозможува да поставите аларми.
1  
Отворете ја апликацијата Часовник, а потоа изберете ја картичката
Аларм.
2  
Допрете ја иконата Нов аларм за да додадете аларм.
3  
Прилагодете ги поставките соодветнo и допрете Зачувај.
ЗАБЕЛЕШКА: Можете да допрете и постоечки аларм за да го уредите.
Тајмер
Тајмерот може да ве предупреди со звучен сигнал кога ќе помине
поставеното време.
1  
Отворете ја апликацијата Часовник, а потоа изберете ја картичката
Тајмер.
2  
Поставете го саканото време на тајмерот.
Услужни програми