LG H955 Owner's Manual

Page of 594
76
Услужни програми
Светски часовник
Светскиот часовник ви овозможува на едноставен начин да го
проверите тековното време во другите градови низ светот.
1  
Отворете ја апликацијата Часовник, а потоа изберете ја картичката
Светски часовник.
2  
Допрете ја иконата Нов град и изберете го саканиот град.
Стоперка
Стоперката ви овозможува да го користите телефонот како стоперка.
1  
Отворете ја апликацијата Часовник, а потоа изберете ја картичката
Стоперка.
2  
Допрете го копчето Почеток за да ја активирате стоперката.
ЗАБЕЛЕШКА: Допрете го копчето Циклус за да ги снимате времињата по
кругови.
3  
Допрете го копчето Стоп за да ја запрете стоперката.
ЗАБЕЛЕШКА: За да ја ресетирате стоперката, допрете го копчето Ресетирај.
Можете и да го допрете копчето Продолжи за да продолжите со стоперката.