LG G4 s User Guide

Page of 534
45
Поврзување со мрежи и уреди
Bluetooth
Bluetooth е технологија за комуникација на кратко растојание која ви 
овозможува безжично да се поврзете до повеќе Bluetooth уреди, како 
слушалки или hands-free комплети за автомобил и рачни конзоли со 
активиран Bluetooth, компјутери, печатачи и безжични уреди. 
ЗАБЕЛЕШКА 
LG не презема одговорност за загубата, попречувањето или неправилното 
користење на податоците кои се испратени или примени преку 
функцијата Bluetooth.
Секогаш осигурете се дека податоците ги споделувате и примате од уреди 
кои се доверливи и соодветно заштитени. 
Доколку постојат пречки помеѓу уредите, работното растојание може да 
се намали.
Некои уреди, особено оние кои не се тестирани или одобрени од 
Bluetooth SIG, може да не бидат компатибилни со вашиот уред. 
Впарување на вашиот телефон со друг Bluetooth уред
1  
Допрете   >   > 
 > картичката Мрежи > Bluetooth.
2  
Допрете 
 за да го активирате Bluetooth и за да започнете со 
скенирање на достапни Buetooth уреди. 
 
Доколку сакате да ги детектирате уредите кои се во опсегот, 
допрете ПРЕБАРУВАЊЕ.
3  
Од листата изберете го уредот со кој сакате да извршите впарување. 
Откако ќе се изврши успешно впарување, вашиот телефон ќе се 
поврзе со другиот уред. 
ЗАБЕЛЕШКА 
Впарувањето меѓу два Bluetooth уреди е еднократен процес. Откако ќе се 
создаде впарувањето, уредите ќе продолжат да го препознаваат нивното 
партнерство и ќе разменуваат информации.