LG G4 s User Guide

Page of 534
61
Фотоапарат и видео записи
Откако ќе снимите фотографија
За да ја погледнете последната фотографија која сте ја снимиле, 
допрете ја малата слика на екранот.
Допрете за уредување на фотографијата.
Допрете за веднаш да снимите уште една фотографија.
Допрете за да ги отворите достапните опции за споделување.
Допрете за да ја избришете фотографијата.
Допрете за да пристапите до дополнителните опции.
Допрете за да ја додадете фотографијата во вашите омилени.
Автоматски фокус во повеќе точки
Кога снимате слика, функцијата за автоматски фокус во повеќе точки 
функционира автоматски и ви овозможува да гледате чиста слика.
Групно фотографирање
Ви овозможува брзо да снимите повеќе слики одеднаш. Допрете и 
задржете на  .
4X зумирање
Кога го користите објективот на задниот фотоапарат, можете да го 
зголемувате или намалувате зумот до 4x.
ЗАБЕЛЕШКА 
Раката нека ви биде мирна. Оваа функција не работи со одредени 
функции. При снимање на динамични предмети, можно е преклопување.