LG D373EU User Manual

Page of 496
23
Полнење на вашиот телефон
Наполнете ја батеријата при користењето на телефонот за првпат. Употребете го полначот 
за да ја наполните батеријата. Исто така, може да користите и компјутер за полнење на 
уредот, поврзувајќи ги двата уреди со помош на USB кабел.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Употребувајте само полначи, батерии и кабли кои се одобрени од LG. Користењето 
на неодобрени полначи или кабли може да доведе до бавно полнење на батеријата 
и неочекувани појавувачки известувања на вашиот телефон. Користењето на 
неодобрени полначи или кабли може да предизвика оштетување на вашиот телефон 
или експлодирање на вашата батерија. Секое оштетување на телефонот или неговата 
батерија причинето од такви случаи не е покриено со гаранцијата.
Приклучокот за полначот се наоѓа на долната страна од телефонот. Едниот крај од кабелот 
за полнење вметнете го во телефонот, а другиот во полначот, а потоа приклучете го 
полначот во електричен штекер.
ЗАБЕЛЕШКА:  
За да се продолжи работниот век на батеријата, потребно е таа да се наполни целосно 
пред првата употреба.
Немојте да го отворате задното капаче додека телефонот се полни.