LG D373EU User Manual

Page of 496
24
Користење на мемориската картичка
Вашиот телефон поддржува користење на microSD
TM
 или microSDHC
TM
 мемориски 
картички со капацитет до 32 GB. Овие мемориски картички се специјално дизајнирани 
за мобилни телефони и други ултра-мали уреди, и се идеални за складирање на медиски 
фајлови како музика, програми, видео записи и фотографии кои може да се користат на 
телефонот.
За да вметнете мемориска картичка:
Вметнете ја мемориската картичка во отворот. Внимавајте златната површина за контакт да 
биде завртена надолу.
За безбедно отстранување на мемориската картичка: 
Допрете 
 > картичката Апликации > Поставки > картичката Општо > Меморија > 
Оневозможи SD картичка.
 
ЗАБЕЛЕШКА:  
Користете само компатибилни мемориски картички со телефонот. Користењето на 
некомпатибилни картички може да ги оштети картичката и податоците зачувани на 
неа, како и телефонот. 
Бидејќи уредот користи FAT32, максималната големина на фајловите изнесува 4 GB.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Немојте да вметнувате или отстранувате мемориска картичка кога телефонот е 
ВКЛУЧЕН. Притоа може да дојде до оштетување на мемориската картичка како и на 
вашиот телефон, а исто така и податоците складирани на картичката може да се оштетат.
Запознавање со вашиот телефон