LG D373EU User Manual

Page of 496
76
фиксната листа за бирање.
Известување за дојдовен повик – Приказ на известувања за дојдовните повици додека 
користите фотоапарат и видео записи.
Отфрлање на повик – Ви овозможува да ја поставите функцијата за отфрлање на повик. 
Изберете помеѓу Режим за отфрлање на повици или Отфрли повици од.
Одбиј со порака – Кога сакате да одбиете повик, можете да испратите брза порака со 
помош на оваа функција. Ова е корисно доколку треба да отфрлите повик за време на 
состанок.
Чувар на приватност – Криење на името и бројот на повикувачот за влезни повици.
Проследување на повици – Изберете дали да се пренасочат сите повици кога линијата е 
зафатена, кога нема одговор и кога не сте достапни.
Автоматски одговор – Поставете го времето на автоматски одговор на поврзаниот 
hands-free уред за влезните повици. Изберете помеѓу Оневозможи, 1 секунда, 3 секунди и 
5 секунди.
Вибрација при врска – Телефонот вибрира кога другата страна ќе одговори на повикот.
Јасност на глас  – Подобрување на квалитетот на говорот во бучни средини за да се 
постигне појасно слушање.
Зачувај непознати броеви – Додавање на непознатите броеви во контактите по повикот.
Копче напојување - заврши повик – Овозможува да изберете како да се заврши повикот.
Забрана на повици – Заклучување на влезни, излезни или меѓународни повици.
Траење на повици – Погледнете го траењето на повиците вклучувајќи ги Последниот 
повик, Излезните повици, Влезните повици и Сите повици.
Дополнителни поставки за повици – Овозможува да ги измените следните поставки: 
  
ID на повикувач: Изберете дали вашиот број ќе се прикажува при излезен повик.
  
Повик на чекање: Ако е активирана опцијата за повик на чекање, телефонот ќе ве 
предупреди за дојдовниот повик додека разговарате (во зависност од вашиот мрежен 
оператор).
< Делење и мрежи >
Wi-Fi “жешка точка”
 – Исто така, вашиот телефон можете да го користите за да 
овозможите мобилна широкопојасна врска. Креирајте “жешка точка” и споделете ја вашата 
врска. Ве молиме прочитајте го делот "Споделување на податочната врска од вашиот 
телефон" за повеќе информации. 
Bluetooth делење – Ви овозможува да поставувите дали преку телефонот ќе се споделува 
интернет врската или не.
Поставки