LG D373EU User Manual

Page of 496
77
Помош – Допрете за да погледнете информации за помош за Wi-Fi “жешка точка” и за 
функциите за Bluetooth делење.
Режим на работа во авион
 – По поставувањето на Режим на работа во авион, сите 
безжични комуникации ќе бидат оневозможени.
Мобилни мрежи – Поставување опции за податочен roaming, режим на мрежа и 
оператори, имиња на пристапни точки (APN) итн. 
Зададена SMS апликација – Ви овозможува поставување на зададена SMS апликација.
VPN – Приказ на листа на виртуелни приватни мрежи (VPN) кои претходно сте ги 
конфигурирале. Ви овозможува додавање на различни типови VPN мрежи.
ЗАБЕЛЕШКА: Морате да поставите PIN или лозинка за заклучување на екранот пред да 
можете да го користите просторот за доверливост.
Звук
Профил на звук – Изберете Звук, Само вибрации или Бесчујно.
Јачини на звук – Прилагодете ги поставките за јачина на звук на телефонот според вашите 
потреби и опкружувањето.
Тивок режим – Поставете Тивок режим. 
  Поставете Тивок режим сега – Допрете го преклопникот за моментално префрлување 
помеѓу вклучено или исклучено.
   Поставете време на тишина - Допрете го преклопникот за префрлување помеѓу 
Вклучено или Исклучено. Исто така, можете да поставите денови и времиња за 
автоматско вклучување на тивкиот режим.
 Вибрации 
– Штиклирајте за вибрации кога е вклучен тивок режим.
  Поставки за влезни повици
    Блокирај влезни повици 
 Штиклирајте за блокирање на сите влезни повици.
     Дозволи повторени повици  Штиклирајте за да дозволите повик кој се повторува 
во рамки на 3 минути.
   Листи на дозволени контакти  Назначете од кои контакти ќе бидат дозволени 
повици.
     Автоматски одговори на блокирани повици  Поставете на кој начин сакате 
автоматски да се одговори на повиците за кој е исклучен звукот.