LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Поставки
75
Мобилни мрежи
Ова мени ви овозможува да конфигурирате разни поставки за 
мрежата на уредот како што се Мобилeн подaтoчeн, Пренoc нa 
пoдaтoци пpи roaming, итн.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Повеќе > 
Мобилни мрежи.
VPN
Од вашиот уред можете да додавате, поставувате и управувате 
со виртуелни приватни мрежи (VPN) кои ви овозможуваат да се 
поврзете и да пристапите до ресурси во рамките на обезбедена 
локална мрежа, како на пример вашата корпоративна мрежа. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Повеќе > 
VPN.
Поставки за Звук И Известување
Ви овозможува да ги промените поставките за разни звуци на 
уредот. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Звук И Известување.
Профили на звук – Ви овозможува да го поставите профилот 
на звук на уредот.
Јачина на звук – Прилагодете ги поставките за јачина на звук 
на уредот според вашите потреби и опкружувањето.
Тон за ѕвонење – Ви овозможува поставување на тон на 
ѕвонење за повиците. Исто така, можете и да додавате и да 
бришете тонови на ѕвонење.
ИД на звук за звонење – Ви овозможува да составувате 
тонови на ѕвонење врз основа на телефонскиот број на 
дојдовниот повик.
Звук со вибрирање – Овозможете за да поставите вибрирање 
на уредот заедно со тонот за ѕвонење при примање на повици.