LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Поставки
77
Поставки за Екран
Почетен екран
Ви овозможува да ги поставите поставките за почетниот екран.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран > Почетен 
екран.
Cелектирај почетно – Изберете ја саканата тема на почетниот 
екран.
Тема – Ја поставува темата на екранот на вашиот уред. Можете 
да преземате нови теми од LG SmartWorld.
Слика за заднина – Ја поставува сликата за заднина на вашиот 
почетен екран.
Ефект на екран – Изберете го саканиот тип на ефектот кој ќе 
се прикаже кога брзо ќе повлечете од една слика на почетниот 
екран кон наредната.
Дозволи кружење на почетниот екран – Овозможете за да 
дозволите континуирано прелистување на почетниот екран 
(враќање на првиот екран по последниот екран).
Помош – Прикажува помошни информации за почетниот 
екран.
Заклучен екран
Ви овозможува да ги поставите поставките за заклучениот екран.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран > Заклучен 
екран.
Одберете заклучување на екран – Ви овозможува да 
поставите тип на заклучување на екранот за поголема 
безбедност на уредот.
Smart Lock – Се поставува за да го одржува уредот отклучен 
кога се работи за уред на кој му верувате или познато 
место. Доколку ви се потребни дополнителни информации, 
погледнете во Smart Lock, односно во делот Заклучување и 
отклучување на уредот.