LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Поставки
84
Непознати извори – Овозможување на инсталирање на 
апликации кои не се од Play Store.
Верификувај апликации – Оневозможување или 
предупредување пред инсталирање на апликациите кои може 
да бидат опасни.
Тип на меморија – Приказ на тековниот тип на меморија.
Управување со сертификати – Ви овозможува да управувате 
со вашите сертификати за сигурност.
Trust agents – Изберете апликации кои ќе се користат без 
отклучување на екранот.
Истакни екран – Со истакнувањето на екран можете да му 
овозможите на вашиот уред да прикажува само екран од 
одредена апликација. 
Апликации со пристап за користење – Ви овозможува 
да имате преглед врз информациите за користењето на 
апликациите на уредот.
Quick Cover View
Со футролата за брзо прекривање, можете да ги проверувате 
дојдовните повици и да го запрете алармот/тајмерот кога 
прекривката е затворена. За да отклучувате со прекривката, 
заклучувањето на екранот мора да ви биде поставено на Повлечи.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Quick Cover 
View.
Датум и време
Поставете го начинот на кој ќе се прикажуваат датумот и времето.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Датум и 
време.