LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Поставки
86
Апликации
Ви овозможува да ги погледнете деталите за апликациите кои се 
инсталирани на вашиот уред, да управувате со нивните податоци и 
веднаш да ги сопрете. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Апликации.
Стандардна апликација за пораки 
Ова мени ви овозможува да изберете која апликација за размена 
на пораки ќе ја користите како зададена апликација за размена на 
пораки. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Стандардна 
апликација за пораки.
Создај резервна копија и ресетирај
Променете ги поставките за управување со вашите поставки и 
податоци.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Создај 
резервна копија и ресетирај.
LG Backup – Архивирање на сите информации од уредот 
и нивно враќање во случај на губење на податоците или 
замена. Доколку ви се потребни дополнителни информации, 
погледнете во делот LG Backup во Апликации.
Арх. на мои податоци – Заштитете ги вашите апликациски 
податоци, Wi-Fi лозинки и други поставки на Google серверите.
Резервна сметка – Приказ на сметката која се користи во 
моментот за архивирање на информации.
Автоматско враќање – Кога реинсталирате апликација, 
вратете ги зачуваните поставки и податоци.