LG G2 - LG D802 Manual De Usuario

Descargar
Página de 694
48
Споделување на податочната врска од вашиот телефон
USB делењето и преносливата Wi-Fi “жешка точка” се одлични функции 
кога не е достапно безжично поврзување. Врската за мобилен пренос 
на податоци од вашиот телефон можете да ја делите со еден компјутер 
преку USB кабел (USB делење). Исто така, податочната врска од вашиот 
телефон можете да ја споделите со повеќе од еден уред истовремено, 
преку претворување на вашиот телефон во пренослива Wi-Fi “жешка 
точка”.
Кога вашиот телефон ја споделува својата податочна врска, на статусната 
лента се прикажува икона, а во фиоката за известувања се додава 
постојано известување.
За најновите информации околу делењето и преносливите “жешки 
точки”, вклучувајќи ги поддржаните оперативни системи и други детали, 
посетете ја веб-страницата http://www.android.com/tether.
За да ја споделите податочната врска од вашиот мобилен телефон 
како пренослива Wi-Fi “жешка точка”
1  
Допрете 
 >   > картичката Апликации >   Поставки > 
картичката Мрежи > Делење и мрежи > поставете Wi-Fi “жешка 
точка” на за да извршите активирање. 
2  
Внесете лозинка и допрете Зачувај.
СОВЕТ! Ако на вашиот компјутер се користи Windows 7 или понова верзија на 
некои типови на Linux (како на пр. Ubuntu), обично не треба да го подготвувате 
вашиот компјутер за процесот на делење. Но ако се користи постара верзија на 
Windows или друг оперативен систем, можеби ќе треба да го подготвите вашиот 
компјутер за воспоставување на мрежно поврзување преку USB. За најновите 
информации околу тоа кои оперативни системи поддржуваат USB делење и 
како треба да се конфигурираат, посетете ја веб-страницата http://www.android.
com/tether.
Поврзување со мрежи и уреди