LG G2 - LG D802 Manual De Usuario

Descargar
Página de 694
49
За да ја преименувате или обезбедите вашата пренослива “жешка 
точка”
Можете да го промените името на Wi-Fi мрежата (SSID) на вашиот 
телефон и да ја обезбедите неговата Wi-Fi мрежа.
1  
Допрете 
 >   > картичката Апликации >   Поставки > 
картичката Мрежи > Делење и мрежи > Wi-Fi “жешка точка”.
2  
Допрете Постави Wi-Fi “жешка точка”.
Ќе се отвори рамката за дијалог Постави Wi-Fi “жешка точка”.
Можете да го промените SSID на мрежа (име) што го гледаат другите 
уреди при скенирање на Wi-Fi мрежите.
Исто така можете да го допрете менито Безбедност за да ја 
конфигурирате мрежата со Wi-Fi Protected Access 2 (WPA2) сигурност 
со користење на однапред споделен клуч (PSK).
Ако ја допрете опцијата за сигурност WPA2 PSK, во дијалогот 
Постави Wi-Fi “жешка точка” ќе се додаде поле за лозинка. Ако 
внесете лозинка, истата ќе треба да ја внесете кога ќе се поврзувате 
на “жешката точка” на телефонот од компјутер или друг уред. Можете 
да поставите Отворено во менито Безбедност за да ја отстраните 
сигурноста на вашата Wi-Fi мрежа.
3  
Допрете Зачувај.
ВНИМАНИЕ! Ако опцијата за сигурност ја поставите на Отворено, не можете да 
спречите неовластена употреба на мрежните услуги од страна на други луѓе и 
можно е пресметување на дополнителни трошоци. За да спречите неовластена 
употреба, ви советуваме опцијата за сигурност постојано да биде активирана.