LG G4c - LG H525N Mode D'Emploi

Page de 518
76
Поставки
< ПОВРЗЛИВОСТ >
Сподели и поврзи
NFC – Вашиот телефон е мобилен телефон со NFC можности. NFC (Near 
Field Communication) е технологија за безжично поврзување која 
овозможува двонасочна комуникација помеѓу електронски уреди. 
Таа функционира на растојание од неколку сантиметри. Можете да 
ги споделувате вашите содржини со NFC ознака или друг уред со 
NFC поддршка преку обично допирање со вашиот уред. Ако допрете 
NFC ознака со вашиот уред, на екранот ќе се прикаже содржината на 
ознаката.
Android Beam – Кога е вклучена оваа функција, ќе можете да 
пренесувате апликациски содржини кон друг уред со NFC можности 
преку меѓусебно приближување на уредите. Едноставно доближете ги 
уредите еден до друг (обично со задните страни) и потоа допрете го 
вашиот екран. Апликацијата ќе одреди што ќе биде проследувано.
Печатење – Ви овозможува да ги печатите содржините на одредени 
екрани (како што се веб-страници прикажани во Chrome) на печатач 
поврзан на истата Wi-Fi мрежа како и вашиот Android уред.
Делење
USB делење – Ви овозможува да ја споделувате интернет врската со 
вашиот компјутер преку USB кабел.
Wi-Fi пристапно – Исто така, вашиот телефон можете да го користите 
за да овозможите мобилна широкопојасна врска. Креирајте “жешка 
точка” и споделете ја вашата врска.
Bluetooth поврзување – Ви овозможува да се поврзувате на други 
уреди преку Bluetooth.
Помош – Прикажува помошни информации во врска со USB 
делењето, Wi-Fi “жешките точки” и Bluetooth поврзувањето.