LG G4c - LG H525N Mode D'Emploi

Page de 518
77
Поставки
Повеќе
Режим на работа во авион – Режимот на работа во авион (режим 
на летање) ви овозможува да користите разни функции на вашиот 
телефон, како игри и музика, кога се наоѓате на место каде што 
воспоставувањето или примањето повици или користењето на 
податоци е забрането. Кога ќе го поставите телефонот во режим на 
работа во авион, тој не може да остварува или да прима повици или 
да пристапува до онлајн податоци.
Мобилни мрежи – Ова мени ви овозможува да конфигурирате разни 
поставки за мобилната мрежа. 
VPN – Од вашиот телефон можете да додавате, поставувате и 
управувате со виртуелни приватни мрежи (VPN) кои ви овозможуваат 
да се поврзете и да пристапите до ресурси во рамките на обезбедена 
локална мрежа, како на пример вашата корпоративна мрежа.
Звук И Известување
< ОСНОВНО >
Профили на звук
Ви овозможува да го поставите профилот на звук на телефонот. Изберете 
помеѓу ЗвукСамо вибрација.
< ЗВУК >
Јачина на звук
Прилагодете ги поставките за јачина на звук на телефонот според вашите 
потреби и опкружувањето.
Тон за ѕвонење
Ви овозможува поставување на тон на ѕвонење за повиците. Исто така, 
можете да додадете тон за ѕвонење и со допирање на   во горниот десен 
агол на екранот.