LG G4c - LG H525N Mode D'Emploi

Page de 518
80
Поставки
Заклучен екран
Одберете заклучување на екран – Поставете тип на заклучување 
на екранот за поголема безбедност на телефонот. Ќе се прикажат 
неколку екрани кои ќе ве поведат низ постапката за исцртување 
облик за отклучување на екранот. Ако сте овозможиле тип со облик 
за отклучување кога го вклучувате вашиот телефон или го активирате 
екранот, од вас ќе биде побарано да го нацртате вашиот облик за 
отклучување за да го отклучите екранот.
Smart Lock – Се поставува за да го одржува телефонот отклучен кога 
се работи за уред на кој му верувате или познато место.
Ефект на екран – Ги поставува опциите за ефект на повлекување по 
екранот.
Слика за заднина – Изберете ја заднината која ќе се прикаже на 
заклучениот екран.
Кратенки – Прилагодете ги кратенките на заклучениот екран.
Информација за контакт за загубен телефон – Ви овозможува 
приказ на информации за сопственикот на заклучениот екран во 
случај да се загуби телефонот.
Мерач на време за заклучување – Ви овозможува да го поставите 
времето пред екранот автоматски да се заклучи откако ќе измине 
зададеното време.
Копчето за вклучување веднаш се заклучува – Штиклирајте за 
моментално заклучување на екранот при притиснување на копчето 
за напојување/заклучување. Оваа поставка добива предност над 
поставката Тајмер за безбедносно заклучување.
Копчиња на допир на почетниот екран
Поставете ги копчињата на допир на почетна страница кои се 
прикажуваат во долниот дел на сите екрани. Поставете кои од нив да 
бидат прикажани, нивната позиција на лентата и нивниот изглед.