LG G4c - LG H525N Mode D'Emploi

Page de 518
79
Поставки
Вибрирај на допир – Штиклирајте за вибрирање кога ги допирате 
копчињата на допир на почетниот екран и при одредени интеракции 
со корисничкиот интерфејс.
Звучни ефекти – Допрете за да ги поставите тоновите при допирање 
на копчињата за бирање, звуците при допир и звуците за заклучување 
на екран.
Гласовни известувања за порака/повик – Му овозможува на уредот 
автоматско читање на дојдовен повик и порака.
Екран
< ПОЧЕТНА СТРАНИЦА & ЗАКЛУЧИ > 
Почетен екран
Cелектирај почетно – Изберете ја саканата тема на почетен екран. 
Изберете помеѓу Почетна Страница (стандарден Android изглед) или 
EasyHome (поедноставена верзија за корисниците кои не се толку 
запознаени со навигацијата на Android).
Тема – Поставување на темата на екранот за вашиот уред. Можете да 
преземате нови теми од LG SmartWorld.
Слика за заднина – Ја поставува сликата за заднина на вашиот 
почетен екран.
Ефект на екран – Изберете го саканиот тип на ефектот кој ќе се 
прикаже кога брзо ќе повлечете од една слика на почетниот екран 
кон наредната.
Дозволи кружење на почетниот екран – Штиклирајте за да 
дозволите континуирано прелистување на почетниот екран (враќање 
на првиот екран по последниот екран).
Помош – Прикажува помошни информации за почетниот екран.