LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Поставки
Поставки
78
USB делење
Ви овозможува да ја споделувате интернет врската со вашиот 
компјутер преку USB кабел.
1  
Поврзете го вашиот телефон со вашиот компјутер со помош на 
USB кабел.
2  
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Делење.
3  
Допрете 
 за да го вклучите USB делењето.
Wi-Fi пристапно
Исто така, вашиот телефон можете да го користите за да 
овозможите мобилна широкопојасна врска. Креирајте “жешка 
точка” и споделете ја вашата врска. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Делење
1  
Допрете 
 за да вклучите Wi-Fi “жешка точка”.
2  
Допрете Постави Wi-Fi “жешка точка” за промена на SSID, типот на 
безбедност, лозинката и другите опции на “жешка точка”.
Bluetooth поврзување
Ви овозможува да се поврзувате на други уреди преку Bluetooth.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Делење.
Допрете 
 за да го вклучите Bluetooth делењето за да ја 
споделите вашата врска преку Bluetooth делење.
Режим на работа во авион
Ви овозможува да користите разни функции на вашиот 
телефон, како игри и музика, кога се наоѓате на место каде што 
воспоставувањето или примањето повици или користењето на 
податоци е забрането. Кога ќе го поставите телефонот во режим 
на работа во авион, тој не може да остварува или да прима повици 
или да пристапува до онлајн податоци.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Повеќе > 
Режим на работа во авион.
Мобилни мрежи
Ова мени ви овозможува да конфигурирате разни поставки за 
мобилната мрежа Мобилен податоченПренос на податоци при 
roaming, итн.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Повеќе > 
Мобилни мрежи.
VPN
Од вашиот телефон можете да додавате, поставувате и управувате 
со виртуелни приватни мрежи (VPN) кои ви овозможуваат да се 
поврзете и да пристапите до ресурси во рамките на обезбедена 
локална мрежа, како на пример вашата корпоративна мрежа. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Мрежи > Повеќе > 
VPN.
Поставки за Звук И Известување
Ви овозможува да ги промените поставките за разни звукови на 
уредот. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Звук И Известување.
Профили на звук – Ви овозможува да го поставите профилот 
на звук на телефонот.
Јачина на звук – Прилагодете ги поставките за јачина на звук 
на телефонот според вашите потреби и опкружувањето.
Тон за ѕвонење – Ви овозможува поставување на тон на 
ѕвонење за повиците. Исто така, можете и да додавате и да 
бришете тонови на ѕвонење.
ИД на звук за звонење – Ви овозможува да составувате 
тонови на ѕвонење врз основа на телефонскиот број на 
дојдовниот повик.
Звук со вибрирање – Овозможете за да поставите вибрирање 
на телефонот заедно со тонот за ѕвонење при примање на 
повици.