LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Поставки
Поставки
80
Вид на начин на вибрирање – Ви овозможува да го изберете 
типот на вибрации.
Прекинувања – Ви овозможува да поставите распоред кога 
сакате да не ве прекинуваат известувањата. Можете да им 
дозволите на одредени функции да ве прекинуваат кога е 
поставена опцијата Само приоритетно.
Заклучен екран – Ви овозможува да изберете дали сакате 
да се прикажуваат или кријат известувањата на заклучениот 
екран.
Апликации – Ви овозможува да поставите известувања за 
поединечни апликации , како и да спречите да прикажуваат 
известувања и да поставите приоритет.
Известување со LED-светло - Допрете го преклопникот за 
префрлување помеѓу Вклучено или Исклучено. Опцијата 
Вклучено ја активира LED светилката за избраните известувања.
Повеќе поставки
Ви овозможува да поставите други поставки за звуците и 
известувањата.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Звук И Известување 
Повеќе.
Звуци за известување – Ви овозможува поставување на звуци 
за известување. Исто така, можете и да додавате и да бришете 
звуци за известување.
Вибрирај на допир  Штиклирајте за вибрирање кога ги 
допирате копчињата на допир на почетниот екран и при 
одредени интеракции со корисничкиот интерфејс.
Звучни ефекти – Ова мени ви овозможува да изберете дали 
сакате да слушате тонови при допирање на броевите на 
тастатурата за бирање, кога бирате опции на екранот и многу 
повеќе од тоа.
Гласовни известувања за порака/повик – Му овозможува на 
уредот автоматско читање на дојдовните повици и пораки.
Поставки за Екран
Почетен екран
Ви овозможува да ги поставите поставките за почетниот екран.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран > Почетен 
екран.
Cелектирај почетно – Изберете ја саканата тема на почетниот 
екран.
Тема – Ја поставува темата на екранот на вашиот уред. Можете 
да преземате нови теми од LG SmartWorld.
Слика за заднина – Ја поставува сликата за заднина на вашиот 
почетен екран.
Ефект на екран – Изберете го саканиот тип на ефектот кој ќе 
се прикаже кога брзо ќе повлечете од една слика на почетниот 
екран кон наредната.
Дозволи кружење на почетниот екран – Овозможете за да 
дозволите континуирано прелистување на почетниот екран 
(враќање на првиот екран по последниот екран).
Помош – Прикажува помошни информации за почетниот 
екран.
Заклучен екран
Ви овозможува да ги поставите поставките за заклучениот екран.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Екран > Заклучен 
екран.
Одберете заклучување на екран – Ви овозможува да 
поставите тип на заклучување на екранот за поголема 
безбедност на телефонот.
Smart Lock – Се поставува за да го одржува телефонот 
отклучен кога се работи за уред на кој му верувате или познато 
место. Доколку ви се потребни дополнителни информации,