LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Поставки
85
84
Брзина на покажувачот – Прилагодување на брзината на 
покажувачот.
Преврти копчиња – Заменете ги копчињата на глувчето за да 
се користи десното копче како главно.
Локација
Вклучете ја услугата за локација, вашиот телефон ќе ја одреди 
вашата приближна локација со користење на Wi-Fi и мобилни 
мрежи. Кога ќе ја изберете оваа опција, ќе бидете запрашани 
дали се согласувате Google да ја користи вашата локација при 
обезбедување на овие услуги.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Локација.
Начин на работа – Поставува како се одредуваат 
информациите за вашата тековна локација.
Фотоапарат – Овозможете за да означувате фотографии или 
видео снимки со нивните локации.
Историја на локација на Google – Ви овозможува да ги 
изберете поставките за вашата тековна локација до кои имаат 
пристап Google и неговите производи.
Сметки и синхронизација
Користете го ова мени за додавање, отстранување или управување 
со Google и другите поддржани сметки. Овие поставки можете да 
ги употребите и за контрола - како и дали сите апликации можат 
да испраќаат, примаат и синхронизираат податоци по нивен 
сопствен распоред и дали сите апликации можат автоматски да ги 
синхронизираат корисничките податоци. 
Gmail™, Calendar и другите апликации исто така може да имаат и 
сопствени поставки за контрола како тие вршат синхронизирање 
на податоци; погледнете ги деловите за овие апликации за повеќе 
детали.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Сметки и 
синхронизација.
Автоматско синхронизирање на податоци – Овозможете ја 
оваа опција за автоматско синхронизирање на сите сметки кои 
сте ги додале на вашиот телефон.
СМЕТКИ – Ги прикажува сите ваши додадени сметки. Допрете 
на некоја од нив за да ја погледнете или да ја прилагодите.
ДОДАДИ СМЕТКА – Допрете за да додадете нова сметка.
Облак
Ви овозможува да додадете "Cloud" сметка за брзо и лесно 
користење на cloud услугите.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Облак.
Пристапност
Користете ги поставките за Достапност за конфигурирање на 
додатоците за олеснување на пристапот кои ги имате инсталирано 
на телефонот.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > 
Пристапност.
Визија – Ги поставува опциите за луѓето со оштетен вид.
 
TalkBack – Ви овозможува да ја поставите Talkback функцијата 
која им помага на лицата со оштетен вид со обезбедување на 
вербални повратни информации.
 
Гласовни известувања за порака/повик – Ви овозможува 
да слушате автоматски говорни предупредувања за дојдовни 
повици и пораки.
 
Сенки на екранот – Овозможете за да го поставите екранот 
на потемен контраст.
 
Големина на фонт – Поставување на големината на фонтот.
 
Допрете зум – Ви овозможува да зумирате и одзумирате со 
тројно потчукнување на екранот.
 
Инверзија на бои на екран – Овозможете за обратни бои на 
екранот и содржините.
 
Прилагодување на боја на екран – Ви овозможува да ги 
прилагодите боите на екранот и содржината.