LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Поставки
87
86
 
Филтер за боја на екран – Ви овозможува да ги смените 
боите на екранот и содржината.
 
Копчето за вкл/иск исклучува повик – Овозможете за 
да можете да ги завршувате повиците со притиснување на 
копчето за вклучување/заклучување.
Слушање – Ги поставува опциите за луѓето со оштетен слух.
 
Наслов – Ви овозможува да ги прилагодите поставките на 
насловите за лицата со оштетен слух.
 
Известување со LED-светло – Ви овозможува да ја 
активирате LED светилката за дојдовни повици и известувања.
 
Флеш-предупредувања – Овозможете за да поставите 
трепкање за дојдовните повици и известувањата.
 
Исклучи ги сите звуци – Овозможете за да ги исклучите сите 
звуци од уредот.
 
Тип на аудио – Го поставува типот на аудио.
 
Звучна рамнотежа – Го поставува аудио патот. Поместувајте 
го лизгачот на лентата за лизгање за да го поставите.
Моторика и сознание – Ги поставува опциите за луѓето со 
ограничени моторни вештини.
 
Време на повратен ефект при допир – Го поставува 
времето на повратен ефект при допир.
 
Touch assistant – Се прикажува табла за допир со лесен 
пристап до вообичаените дејства.
 
Време на истекување на екран – Поставување на 
временскиот период пред задното осветлување автоматски 
да се исклучи.
 
Полиња со контрола на допир – Ви овозможува да изберете 
област од екранот за да го ограничите активирањето со 
допир само на таа област од екранот.
Кратенка за карактеристики за пристапност – Ви 
овозможува брз пристап до избраните функции кога го 
допирате трипати копчето за почетен екран.
Ориентација  – Овозможете за да го поставите телефонот да 
го ротира екранот во зависност од физичката ориентација на 
телефонот (вертикална или хоризонтална).
Префрлете пристап – Ви овозможува да вршите интеракција 
со вашиот уред користејќи еден или повеќе преклопници кои 
функционираат како копчиња од тастатура. Ова мени може да 
биде од помош за корисниците со ограничувања во движењето 
кои ги спречуваат во директната интеракција со вашиот уред.
Копче за брз пристап
Добијте брз пристап до апликациите со двојно притиснување 
на копчињата за јачина на звук кога екранот е исклучен или 
заклучен.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Копче за 
брз пристап.
Притиснете го копчето за зголемување на јачина на звук 
двапати за активирање на апликацијата QuickMemo+.
Притиснете го копчето за намалување на јачина на звук 
двапати за активирање на апликацијата Фотоапарат.
Безбедност
Користете го ова мени за да конфигурирате на кој начин да се 
зголеми безбедноста на телефонот и неговите податоци.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Безбедност.
Заклучена содржина – Изберете тип на заклучување за да 
заклучувате белешки за QuickMemo+.
Шифрирај телефон – Ви овозможува да ги шифрирате 
податоците на телефонот за поголема сигурност. Ќе биде 
потребно да внесете PIN или лозинка за дешифрирање на 
телефонот при секое негово вклучување.
Шифрирај меморија на SD картичка – Шифрирајте ги 
податоците на SD картичката и чувајте ги како недостапни за 
другите уреди.
Поставување заклучување на SIM картичка – Поставете 
заклучување на SIM картичката со PIN или извршете промена 
на PIN.