LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Поставки
Поставки
90
Помош – Прикажува помошни информации за функцијата 
Заштеда на енергија. 
Апликации
Ви овозможува да ги погледнете деталите за апликациите кои 
се инсталирани на вашиот телефон, да управувате со нивните 
податоци и веднаш да ги сопрете. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Апликации.
Стандардна апликација за пораки
Ова мени ви овозможува да изберете која апликација за размена 
на пораки ќе ја користите како зададена апликација за размена на 
пораки. 
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Стандардна 
апликација за пораки.
Создај резервна копија и ресетирај
Променете ги поставките за управување со вашите поставки и 
податоци.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Создај 
резервна копија и ресетирај.
LG Backup – Архивирање на сите информации од уредот 
и нивно враќање во случај на губење на податоците или 
замена. Доколку ви се потребни дополнителни информации, 
погледнете во делот LG Backup во Апликации.
Арх. на мои податоци – Заштитете ги вашите апликациски 
податоци, Wi-Fi лозинки и други поставки на Google серверите.
Резервна сметка – Приказ на сметката која се користи во 
моментот за архивирање на информации.
Автоматско враќање – Кога реинсталирате апликација, 
вратете ги зачуваните поставки и податоци.
Ресетирање и поставување на фабрички податоци – 
Ресетирање на поставките на зададените фабрички вредности 
и бришење на сите ваши податоци. Ако го ресетирате 
телефонот на овој начин, од вас ќе биде побарано повторно да 
ги внесете истите информации како и при првото активирање 
на Android.
За телефонот
Прегледајте ги правните информации, проверете го статусот на 
телефонот и верзијата на софтверот и извршете ажурирање на 
софтверот.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > За 
телефонот.
Надлежност и безбедност
За регулаторни детали, одете во Поставки > картичката Општо > 
За телефонот > Надлежност и безбедност на вашиот телефон.