LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
Поставки
Поставки
88
Пишувањето лозинка е видливо – Овозможете за 
прикажување на секој знак од лозинката додека внесувате, за 
да можете да видите што внесувате.
Администратори на уред – Преглед или деактивирање на 
администраторите на телефонот.
Непознати извори – Овозможување на инсталирање на 
апликации кои не се од Play Store.
Верификувај апликации – Оневозможување или 
предупредување пред инсталирање на апликациите кои може 
да бидат опасни.
Тип на меморија – Приказ на тековниот тип на меморија.
Управување со сертификати – Ви озовможува да управувате 
со вашите сертификати за сигурност.
Trust agents – Изберете апликации кои ќе се користат без 
отклучување на екранот.
Истакни екран – Со истакнувањето на екран можете да му 
овозможите на вашиот уред да прикажува само екран од 
одредена апликација. 
Апликации со пристап за користење –Ви овозможува 
да имате преглед врз информациите за користењето на 
апликациите на телефонот.
Датум и време
Поставете го начинот на кој ќе се прикажуваат датумот и времето.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Датум и 
време.
Меморија
Можете да ја надгледувате искористената и достапната внатрешна 
меморија на уредот.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Меморија.
ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА
Вкупно простор – Го прикажува вкупниот простор и 
достапниот простор на меморијата на вашиот телефон со текст 
и со графикон со лента во боја (неискористениот простор е 
сив). Апликациите и соодветниот простор кој го заземаат е 
наведен под секој корисник на уредот.
SD КАРТИЧКА
Вкупно простор – Го прикажува вкупниот простор и 
преостанатиот достапен простор на мемориската картичка.
Воспостави/Оневозможи SD картичка – Ви дозволува да ја 
овозможите или оневозможите вашата SD картичка.
Избриши SD картичка – Ви овозможува да ги избришете сите 
податоци на вашата SD картичка.
Штедење на батерија и енергија
Ги прикажува моменталниот статус на батеријата вклучувајќи го 
процентот на преостанатата енергија и статусот на полнење.
На екранот Поставки, допрете ја картичката Општо > Штедење на 
батерија и енергија.
Употреба на батерија – Го прикажува нивото на користење 
на батеријата и деталите за користењето. Допрете еден од 
елементите за да погледнете подетални информации.
Ниво на батеријата на статусната лента – Штиклирајте 
за приказ на процентот на наполнетост на батеријата, на 
статусната лента покрај иконата за батерија.
Заштеда на Енергија – Допрете го преклопникот за заштеда 
на енергија за да го вклучите или исклучите. Поставување на 
процентот на наполнетост на батеријата при кој автоматски ќе 
се вклучи Заштеда на енергија.