Zanussi ZDV14002FA ユーザーズマニュアル

ページ / 76
БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦА И РАНЛИВИ ЛИЦА
Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку тоа
го прават под надзор или им биле дадени упатства како
безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на деца.
Чувајте ги децата и домашните миленичиња настрана од
вратата на апаратот кога е отворена.
Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
МОНТАЖА
• Извадете ја целата амбалажа
• Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
• Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот во околина каде
температурата е под 0°C.
• Придржувајте се до упатството за монтажа
приложено со апаратот.
• Проверете дали апаратот е монтиран под
или во близина на безбедна структура.
ПОВРЗУВАЊЕ НА СТРУЈА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од
пожар и струен удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со напојувањето
со струја. Доколку не се совпаѓа,
контактирајте со електричар.
• Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот. Доколку
кабелот за струја на апаратот треба да се
замени, тоа мора да го направи Вашиот
овластен Сервис.
• Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали приклучокот за струја е
пристапен по монтирањето.
• Не повлекувајте го кабелот за струја за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучокот.
• Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
• Само за Велика Британија и Ирска.
Апаратот има штекер за струја со јачина на
струја од 13 ампери. Ако е потребно да го
смените осигурувачот во штекерот за
струја, користете осигурувач од 13 ампери
ASTA (BS 1362).
ПОВРЗУВАЊЕ НА ВОДАТА
• Потрудете се да не ги оштетите цревата за
вода.
• Пред да го поврзете апаратот со нови
цевки или цевки што не биле користени
подолго време, оставете водата да тече
додека не започне да тече чиста вода.
• Кога за прв пат го користите апаратот,
проверете дали од некаде протекува.
• Доводното црево е со безбедносен вентил
и обвивка со внатрешен кабел за струја.
46