Zanussi ZDV14002FA ユーザーズマニュアル

ページ / 76
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасен
напон.
• Доводното црево има надворешена
транспарентна обвивка. Ако цревото е
оштетено, водата во цревото потемнува.
• Доколку доводното црево е оштетено,
веднаш извадете го приклучникот од
штекерот за струја. Јавете се во
овластениот Сервис за да го заменат
доводното црево.
УПОТРЕБА
• Немојте да седите или да стоите на
отворената врата.
• Детергентите за машината за миење
садови се опасни. Следете ги
безбедносните упатства дадени на
пакувањето на детергентот.
• Немојте да ја пиете или да си играте со
водата од апаратот.
• Не вадете ги садовите од апаратот додека
не заврши програмата за миење садови.
Може да има детергент на садовите.
• Апаратот може да ослободи жешка пареа
доколку ја отворите вратата додека
функционира некоја програма.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до, или на апаратот.
СЕРВИСИРАЊЕ
• Контактирајте со овластениот Сервис за
поправка на апаратот. Ви препорачуваме
да користите само оригинални делови.
• Кога ќе се јавите во овластениот Сервис,
погрижете се да ги имате со Вас
информациите што се наведени на
плочката со спецификации.
Модел :
Број на производот (PNC) :
Сериски број :
РАСХОДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од
повреда или задушување.
• Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја.
• Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
• Извадете ја рачката на вратата за да
спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
47