Zanussi ZBB28465SA 사용자 설명서

다운로드
페이지 68
Содржина
Можноста за промени е задржана.
 Безбедносни информации
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги приложените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го
упатството со апаратот за идна употреба.
Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку тоа
го прават под надзор или им биле дадени упатства како
безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Општа безбедност
Овој апарат е наменет за употреба во домаќинство и за
други слични примени, како на пр.:
фарми; кујнски простор за вработени во продавници,
канцеларии и други работни околини
од страна на клиенти во хотели, мотели, сместување
на база на спиење со појадок и друг вид на
сместувачки објекти
34
www.zanussi.com