Zanussi ZBB28465SA Manual Do Utilizador

Página de 68
Секојдневна употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи така што полиците може да се
наместат по желба.
Местење на полици на вратата
За да се овозможи чување на пакети храна
во разни големини, полиците на вратата
може да се поставуваат на различни
висини.
1. Влечете ја полицата во насока на
стрелките сѐ додека не ја извадите
2
1
3
2. Поместете ја како што е потребно.
Чување на замрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во комората, оставете апаратот
да работи барем 24 часа на најголемата
поставка за Quick Freeze .
Ако треба да се чуваат поголеми
количества храна, извадете ги сите фиоки
и корпи од апаратот и ставете ја храната
на полиците за ладење за да добиете
најдобри перформанси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Внимавајте храната да не го
надмине граничникот за
полнење што се наоѓа горе
отстрана (каде што го има) 
Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало
струја подолго време од
вредноста прикажана под
ставката „Време на
одржување“ во табелата за
технички карактеристики,
одмрзнатата храна мора да се
консумира брзо или да се зготви
веднаш, а потоа повторно да се
замрзне (откако ќе се излади).
Правење коцки мраз
Апаратот е опремен со еден или повеќе
садови за правење коцки мраз.
Не користете метални алатки за
вадење на садовите од
замрзнувачот.
1. Наполнете ги овие садови со вода
2. Ставете ги садовите за мраз во
комората за замрзнување.
Замрзнување на свежа храна
Преградата за замрзнување е погодна за
замрзнување на свежа храна и за
долгорочно чување на замрзната и
длабоко замрзната храна.
За да замрзнете свежа храна, вклучете ја
функцијата QuickFreeze најмалку 24 часа
пред да ја ставите храната во
замрзнувачот.
Ставете ја свежата храна којашто треба се
смрзне во средната преграда.
Максималното количество храна што може
да се смрзне за 24 часа е одредено на
плочката со спецификации.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот на
овој период не требa да додавате друга
храна за замрзнување.
38
www.zanussi.com