Zanussi ZBB28465SA Manual Do Utilizador

Página de 68
пластични ќесички за да се спречи
допирот со воздух.
• Шишиња: тие треба да бидат затворени
со капаче и да се чуваат на полицата за
шишиња на вратата (ако има) или на
држачот за шишиња.
• Бананите, компирите, кромидот и лукот,
ако не се спакувани, не смеат да се
чуваат во фрижидер.
Совети за замрзнување
За најдобро користење на процесот на
замрзнување, еве неколку важни совети:
• максималната количина на храна
којашто може да биде замрзната во рок
од 24 часа е прикажана на плочката со
спецификации;
• замрзнувањето трае 24 часа. Не треба
да се додава храна за замрзнување во
тој период;
• замрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
• поделете ја храната во мали порции за
да може брзо и целосно да се замрзне и
за да овозможите одмрзнување само на
потребните количества;
• завиткајте ја храната во алуминиумска
или пластична фолија убаво и стегнато;
• не дозволувајте свежата, несмрзната
храна да ја допира храната што е веќе
смрзната, за да не ја загреете втората;
• посната храна се чува подобро и
подолго од мрсната; солта го намалува
рокот на чување на замрзнатата храна;
• водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето од преградата на
замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатини на кожата;
• препорачливо е да се запише датумот
на замрзнување на секое пакување за
да можете да водите сметка за времето
на чување.
Совети за чување замрзната храна
За да добиете најдобри перформанси од
апаратот, почитувајте ги следниве
напомени:
• проверете дали готовите замрзнати
прехранбени продукти биле соодветно
чувани кај продавачот;
• погрижете се замрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од
продавницата до замрзнувачот во
најкраток можен рок;
• не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно;
• штом ќе се одмрзне, храната се
расипува брзо и не може повторно да се
замрзне;
• не надминувајте го препорачаниот
период за чување означен од страна на
производителот.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Периодично чистење
Опремата треба редовно да се чисти:
• измијте ги внатрешноста и додатоците
со млака вода и малку неутрален сапун.
• редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти
и без остатоци од храна.
• избришете и исушете целосно.
Не влечете ги, не поместувајте
ги и не оштетувајте ги цевките
и/или каблите во фрижидерот.
Никогаш не користете
детергенти, груби прашоци,
многу парфимирани средства за
чистење или восок за полирање
за чистење на внатрешноста,
бидејќи така може да се оштетат
површините и да остане силен
мирис.
Чистете ги со четка кондензаторот (црната
решетка) и компресорот на задната страна
на апаратот. Со тоа се подобрува
работењето на апаратот и се штеди
електрична енергија.
40
www.zanussi.com