LG E610 用户指南

下载
页码 588
26
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Употребувајте само полначи, батерии и кабли кои се одобрени од LG.
Користењето на неодобрени полначи или кабли може да предизвика бавно
полнење на батеријата или појавување на известување за бавно полнење.
Освен тоа, неодобрените полначи или кабли може да предизвикаат
експлозија на батеријата или оштетување на уредот, што не е опфатено со
гаранцијата.
Приклучокот за полначот се наоѓа на долната страна од телефонот.
Вметнете го полначот и потоа поврзете го на електричен штекер.
ЗАБЕЛЕШКА:
•  За да се продолжи работниот век на батеријата, потребно е таа да се
наполни целосно пред првата употреба.
•  Немојте да го отворате капачето на батеријата додека телефонот се полни.
•  Кога батеријата е испразнета, уредот емитува тон за предупредување и се
прикажува порака дека батеријата е слаба.
Запознавање со вашиот телефон