LG E610 用户指南

下载
页码 588
27
ЗАБЕЛЕШКА:
•  Ако батеријата е целосно испразнета, уредот нема да може да се вклучи
веднаш по приклучувањето на полначот. Испразнетата батерија оставете
ја да се полни неколку минути пред вклучување на уредот.
•  При истовремено користење на повеќе апликации, мрежни апликации,
или апликации за кои е потребно поврзување со друг уред, батеријата
брзо ќе се празни. За да избегнете прекинување на врската со мрежата
или губење на напојувањето за време на пренос на податоци, овие
апликации секогаш користете ги откако целосно ќе ја наполните
батеријата.
•  Уредот може да се користи за време на полнењето, но во тој случај можно
е полнењето на батеријата во целост да трае подолго.
•  Доколку уредот се полни со нестабилен извор на енергија, екранот на
допир можно е да не функционира. Во ваков случај, исклучете го полначот
од уредот.
•  При полнењето, уредот може да се загрее. Ова е нормално и не треба
да има влијание врз векот на траење и перформансите на уредот. Ако
батеријата се загрее повеќе од вообичаено, полначот може да престане со
полнењето.
Откако полнењето ќе се изврши во целост, исклучете го уредот од
полначот. Прво откачете го полначот од уредот, а потоа откачете го
и од електричниот штекер. Не отстранувајте ја батеријата пред да го
исклучите полначот. Тоа може да го оштети уредот.
ЗАБЕЛЕШКА: За да заштедите енергија, откачете го полначот кога не е во
употреба. Морате да го откачите полначот од електричниот штекер кога тој
не се користи, за да се избегне трошење на енергијата. Уредот држете го во
близина на електричниот штекер за време на полнењето.