LG E610 用户指南

下载
页码 588
81
Зголемување и намалување на зумот
Употребете еден од следните начини за зголемување или намалување
на зумот кај слики:
•  Допрете двапати во која било точка на сликата за да го зголемите
зумот.
•  Раздвојте два прсти од која било точка на сликата за да го зголемите
зумот. Приближете ги двата прсти за да го намалите зумот, или
допрете двапати за да се вратите на нормален приказ.
Репродуцирање на видео записи
Во режим на преглед, видео фајловите се означени со иконата  .
Изберете го видео записот кој сакате да го погледнете и допрете  .
Ќе се активира апликацијата видео.
Уредување на фотографии
При прегледување на фотографија, допрете го копчето Menu 
>
Уреди за користење на напредните опции за уредување.
Бришење на слики
Употребете еден од следните начини:
•  Во одреден фолдер, допрете  , изберете фотографии/видео записи
така што ќе ги означите, а потоа допрете Избриши.
•  При прегледување на фотографија/видео запис, допрете  .
Поставување на слика како заднина
При прегледување на фотографија, допрете го копчето Мени 
> Постави слика како за да ја поставите прикажаната слика како
заднина или за да ја доделите на контакт.