LG E610 用户指南

下载
页码 588
83
Допрете и задржете на одреден видео запис во листата. Ќе се
прикажат опциите Сподели, Избриши, Детали.
Музика
Вашиот телефон има вграден музички плеер кој ви овозможува да
ги репродуцирате омилените песни. За да пристапите до музичкиот
плеер, допрете   > картичката Апликации > Музика.
Додадете музички фајлови на телефонот
Започнете преку пренесување на музички фајлови на телефонот:
•  Пренесете ја музиката со помош на Медиумско синхронизирање
(MTP).
•  Превземете од безжичен интернет.
•  Синхронизирајте го вашиот телефон со компјутер.
•  Примете фајлови преку Bluetooth.
Пренесување на музика со помош на Медиумско 
синхронизирање (MTP)
1  
Поврзете го телефонот со PC преку USB кабел.
2  
Изберете ја опцијата Медиумско синхронизирање (MTP). Вашиот
телефон ќе се појави како уште еден хард диск на компјутерот.
Кликнете на драјвот за да го прегледате. Ископирајте ги фајловите
од вашиот PC во фолдерот на драјвот.
3  
Кога ќе завршите со пренесувањето на фајловите, повлечете
надолу на статусната лентата и допрете USB е поврзан > Само 
полнење. Потоа можете безбедно да го откачите вашиот уред.