LG LGE430 User Guide

Page of 542
39
Поставување на Google сметка
Кога за првпат ќе го вклучите телефонот, ќе имате можност да ја активирате
мрежата, да се најавите на вашата Google сметка и да изберете како сакате да
користите одредени Google услуги.
За поставување на вашата Google сметка: 
•  Најавете се на Google сметка кога тоа од вас ќе се побара при поставувањето.
 ИЛИ
•  Допрете   > картичката Апликации > изберете Google апликација, како на
пр. Gmail > изберете Ново за креирање на нова сметка.
Ако имате Google сметка, допрете Постоечка, внесете ја вашата e-mail адреса
и лозинката, потоа допрете  .
Откако ќе ја поставите Google сметката на вашиот телефон, телефонот
автоматски ќе се синхронизира со вашата Google сметка на интернет.
Вашите контакти, Gmail пораки, настани во календарот и останатите
информации од овие апликации и услуги на интернет ќе се синхронизираат
со вашиот телефон. (Оваа функција зависи од вашите поставки за
синхронизација.)
По најавувањето, ќе можете да употребувате Gmail™ и да ги користите
предностите на Google услугите на вашиот телефон.