LG V500 G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
33
Допрете и задржете
Допрете и држете предмет на екранот така што ќе го допрете и нема да го
кревате прстот се додека не се случи акција. На пример, за отворање на
достапните опции за контакт, допрете и задржете на контактот во листата на
контакти додека не се отвори контекст-менито.
Влечи
Допрете и држете предмет за момент и потоа, без да го дигнете прстот,
движете го прстот на екранот додека не дојдете до целната позиција. Можете
да повлекувате елементи на почетниот екран за да ги преместите.
Влечење или лизгање
За да влечете или лизгате, набрзина движете го вашиот прст низ површината
на екранот, без да правите пауза откако за прв пат ќе го допрете (така што
наместо тоа да не повлечете некој предмет). На пример, можете брзо да
повлечете нагоре или надолу по екранот за да се движите низ листа, или да
пребарувате низ различни почетни екрани преку брзо повлекување одлево
надесно (и обратно).
Двојно потчукнување
Двапати потчукнете за да зумирате веб-страница или мапа. На пример, брзо
допрете двапати на дел од веб-страница за да го прилагодите тој дел да
ја исполни широчината на екранот. Исто така можете да допрете двапати
за зумирање/намалување на зумот по фотографирањето (со помош на
фотоапаратот), и при користење мапи. Двојно потчукнете збор за да го
осветлите. Со двојно потчукнување можете да ја активирате карактеристиката
KnockON за да го вклучите или исклучите екранот на допир.