LG V500 G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
34
Стисни за зум
Употрбете ги вашиот показалец и палец во движење на стискање или ширење
за да зумирате или одзумирате кога го користите пребарувачот или мапи или
кога прелистувате слики.
Ротирај го екранот
Од многу апликации и менија, ориентацијата на екранот се прилагодува на
физичката ориентација на уредот.
ЗАБЕЛЕШКА:
•  За да изберете елемент, допрете во средината на иконата.
•  Не притиснувајте премногу силно; екранот на допир е доволно
чувствителен да регистрира и лесно, но сепак одмерено допирање.
•  Користете го врвот од прстот за да ја допрете саканата опција. Внимавајте
да не ги допрете другите копчиња.
Почетен екран
За приказ на панелите едноставно повлечете со прстот налево или надесно.
Можете да го прилагодите секој панел со апликации, превземени содржини,
widget-и и заднини.
ЗАБЕЛЕШКА: Некои слики од екранот може да бидат различни во
зависност од вашиот регион.
На долниот дел од почетниот екран можете да ги видите иконите за менија.
Иконите за менија овозможуваат едноставен пристап со еден допир до
функциите кои најчесто ги користите.